Грчката идеја за потврда на вакцинацијата при патувањата е лоша, смета романскиот претседател

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2021
Не е добра идејата за сертификат за вакцинација од Кoвид-19 и тоа да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани.
Ова го изјави синоќа романскиот претседател Клаус Јоханис, посочувајќи на можноста за дискриминација.
Тој додаде дека верува дека треба да постојат потврди за вакцинација, но дека мора да се користат од медицински причини, пренесува Аџерпрес.
Романскиот претседсател својот став го искажа на прес-конференција кога беше запрашан за мислење за идејата на Грција за единствен европски сертификат како доказ за вакцинација за граѓаните, за Европејците полесно да можат да циркулираат со овој документ.
Тој, исто така, кажа дека масовната вакцинација против Ковид-19 е единственото решение што е можно побрзо сите да се вратат во нормала.
Јоханис најави и дека ќе ја прими вакцината против Ковид-19 на јавен настан во петок, на 15 јануари.
Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека

(ВИДЕО) СНИМЕН Е ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДУБРОВНИК: Само еден човек се шеташе на улица

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена
