26 Април, 2024
0.0274

Граве плати 17,5 милиони евра за Еуролинк: Трансaкцијата помина

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување. На берзата помина блок транскација во која австриската компанија купи 3.200 акции од осигурителната компанија на Трифун Костовски за 336.109,38 денари по акција или за вкупно17, 5 милиони евра. 

Агенцијата за супервизија на осигурување му даде на почетокот на овој месец на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување.

Тогаш беше соопштено дека е дадена согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија на акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 отсто од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.

Од Еуролинк тогаш не ја коментираа согласноста и рекоа дека детали ќе има по официјалната продажба. Еуролинк моментно ја има втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување. Станува збор за позната домашна осигурителна компанија која е во целосна сопственост на GOFI-Group of Finance and investment SA, швајцарскиот инвестициски фонд на познатиот домашен бизнисмен Трифун Костовски.

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100 процентен сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAWE од Грац. Во Македонија постои 12 години.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија