27 Октомври, 2021
0.0228

ГРАНИЦИ ЌЕ ИМА, НО НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ - српскиот претседател Вучиќ со амбиции за до 2023 година

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021

Дали од стартот на 2023 година ќе нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија, држави кои денеска го одржуваат големиот Регионален економски форум, на кој учествуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претставници на повеќе од 300 компаии од регионот и меѓународни институции.

Кога имавме идеја за вакво нешто сите имавме различни проблеми, на пример Србија и Албанија никогаш во минатото не биле блиски. Но ние одлучивме од погледот кон минатото главата да ја свртиме кон иднината и да размислиме и да им оставиме нешто на нашите деца, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје.

„Ние секако дека сите сме на Европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

Претседателот на Србија Вучиќ додаде дека со ова се докажува дека Србија, Македонија и Албанија докажуваат дека меѓу себе се способни да се помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1-ви јануари 2023 година нема да има граници меѓи нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓаните. Тоа ќе биде историски момент“, додаде претседателот Вучиќ.

Економскиот форум ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава било што нема веќе да застанува на граничните премини.

Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада