Граната е фрлена во прифатилиште за деца бегалци во Мадрид
Објавено во: Свет 05 Декември, 2019
Граната e фрлена во прифатилиште за деца бегалци во Мадрид.
Mадридската полиција деактивира граната, која вчера некој ја фрлил преку ѕидот на Центарот за грижа на децата мигранти.
Гранатата e пронајдена вчера близу центарот во областа Хорталеза.
Се работи за граната што содржи мала количина експлозив и често се користи во вежби.
По евакуацијата на детскиот центар за бегалци, специјална единица извршила контролирана експлозија.
Властите го истражуваат инцидентот.
Во центарот за децата бегалци во Мадрид има десетици малолетни лица, пренесуваат светските медиуми.