28 Март, 2024
0.0258

Граѓаните скенираат фискални, но како ќе знаат колку пари треба да добијат назад?

Објавено во: Економија 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Кај граѓаните кои скенираат фискални сметки се јави дилема како ќе знаат колкав износ треба да им врати државата од поврат на ДДВ, и што со оние сметки кои гласат на име на фирми, а даночните обврзници по грешка ги скенирале. 

Тие сметаат дека надлежните треба да направат апликацијата МојДДВ да биде попрегледна.

„Зошто апликацијата МојДДВ не е лесна за користење за граѓаните во смисла нема на самиот интерфејс можност да се прикаже моментална состојба на вкупно скениран промет од страна на граѓанинот, а со тоа и колку е моментална состојба на остварен поврат кој би се извршил по истекот на секој квартал“, прашува читател на Фактор.

Дали има можност да се воведе можност скенерот да блокира спорни сметки кои законот не ги дозволува како и да се отскенира веќе скенирана фискална сметка, прашува читателка која скенирала сметки на фирма.

„Има случаи кога скенираме на пример повеќе фискални одеднаш и поради незнаење или невнимание не сме виделе и сме скенирале сметка за која била издадена на пример сметкопотврда која гласи на фирма.  За да не плаќаме казни кон УЈП да ни се даде техничка можност да ја отскенираме таквата сметка штом забележиме наша грешка, или самиот скенер да ја блокира (да не ја прифаќа) сметката, како што не ги прифаќа автоматски оние сметки за кои изминал рокот од 10 дена за скенирање од денот на нивното издавање. Почеток е на проектот, и е за поздравување, но треба евидентно да се подобри самиот софтвер или УЈП да не биде ригорозна од старт и да не „лови“ на грешки од самиот почеток или пак да ни даде техничка можност да ја корегираме грешката преку отскенирање“, вели читателка.

Од Управата за јавни приходи велат дека наскоро ќе биде презентирана Веб апликација МојДДВ преку којашто граѓаните ќе имаат детален преглед во скенираните фискални сметки, а една од услугите коишто ќе ги нуди веб апликацијата ќе биде и прегледот на промет и поврат на 15 отсто од платениот ДДВ.

„Веб апликацијата ќе нуди можност за корисниците на МојДДВ да ги повлечат, односно избришат фискалните сметки коишто ги скенирале по грешка. Апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени во насока на подобрување на функционалноста и на нудење услуги кои ги бараат граѓаните. Дополнително Ве информираме дека Управата за јавни приходи е отворена за прашања и сугестии и е во постојан контакт со граѓаните преку контакт центарот на Управата за јавни приходи, посебната email адреса mojddv@ujp.gov.mk, како и преку Организационите единици на УЈП од каде корисниците редовно добиваат одговори.  На Веб страната на Управата за јавни приходи е објавена и база на одговори поврзани со апликацијата МојДДВ и мерката поврат на 15 отсто од платениот ДДВ , со цел граѓаните брзо и лесно да стигнат до одговорот на нивното прашање“, одговараат од УЈП.

Најмалку 9 милиони фискални се скенирани заклучно со 10 август годинава. 

Целта на овој проект е самите граѓани онаму каде пазаруваат да бараат фискални сметки, и со тоа да се намали сивата економија.

Премиерот Зоран Заев е голем поборник на овој проект и смета дека тоа ќе вроди со плод. Од УЈП ги охрабруваат граѓаните да пријавуваат неиздавање на фискални сметки, а деновиве имаше контроли на Пластичарската улица, при што се откриени неправилности, па дури и фирми кои воопшто немаат каса.

Се смета дека сивата економија е над 30% во Македонија, и таа е сериозен проблем за државата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра