19 Април, 2024
0.0885

Граѓаните се уште бараат одложување на кредитните рати

Објавено во: Економија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓани кои одбиле првично сега бараат да не ги враќаат кредитните рати, потврдуваат банкарите кои согласно владините одлуки и препораките од Народнат абанка дозволија физичките лица до најмногу 6 мсеци да не ги плаќаат доспеаните кредитни долгови. Во банките се уште стасувале барања за одложување на плаќањето иако првично над 70 отсто од граѓаните се согласија во овој грејс период да не ги плаќаат кредитите. Дел од банкарите за Фактор велат дека не враќаат и некои кои немаат потреба за тоа. Инаку граѓаните кои имаат станбени кредити помалку за разлика од потрошувачките барале одложување на ратите.

„Сигурен сум дека има и клиенти кои моментално не се соочуваат со влошена финансиската состојба, а сепак ја прифатиле понудата. Со оглед на тоа дека се работи за општа ситуација на неизвесност, вознемиреност и несигурност кај населението, верувам дека голем дел од граѓаните ја прифатиле понудата заради потреба од зачувување на дополнителни резерви и потенцијални заштеди во случај на понатамошно влошување на ситуацијата, како и заради неизвесноста која сѐ уште трае. Во Банката сè уште пристигнуваат барања за одложено плаќање од клиенти кои иницијално ја одбиле јавната понуда или барања за враќање во редовна отплата од оние кои ја прифатиле, вели Антонио Аргир претседател на УО на НЛБ Банка во интервју за Фактор.

Тој додава дека се одраз на реалната ситуација на пазарот и финансиската состојба на клиентите која може да е дополнително влошена или подобрена. 

Инаку во НЛБ Банка 75 отсто од вкупниот број на клиенти - физички лица кои имаат кредитна изложеност во Банката ја прифатиле понудата за одложено плаќање. Се работи за бројка од околу 120.000  клиенти чијашто вкупна кредитна изложеност во Банката изнесува околу 364 милиони евра, а тоа претставува 63 проценти од вкупниот износ на кредитното портфолио. Процентот на прифаќање е различен кај различни кредитни изложености, и тоа понизок кај станбените  кредити (50%), а повисок кај потрошувачките кредити (70%) и кредитните картички (67%). 

„Кај правните лица ситуацијата е малку поинаква, односно околу 20% од фирмите со кредитна изложеност во Банката ја прифатиле понудата за одложено плаќање, што претставува околу 35% од вкупното кредитно портфолио за правни лица. Станува збор за 703 фирми со вкупна кредитна изложеност во Банката од 123.5 милиони евра, кои кај себе вработуваат повеќе од 30.000 лица. Земајќи ги овие податоци во предвид, со својата понуда за одложена отплата, покрај 120.000физички лица кај коишто е извршено одложување на плаќањето на кредитните обврски, индиректно се афектирани уште 30. 000 вработени во фирмите кои ја прифатија понудата за одложено плаќање на обврските во Банката., рече Аргир.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите