20 Април, 2024
0.0245

Граѓаните го чуваат од заборав обичајот „Мартинки“ - културно наследство на УНЕСКО

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ во мал обем и со соодветен протокол, се реализираше по осми пат помеѓу 26.02-01.03.2021 во трговскиот центар „Капитол Мол“ во Скопје. Организатор на настанот беше Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставуваше дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Покрај музејска постановка со автентични амајлии од повеќе држави, настанот беше збогатен и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и промоција на четири илустрирани читанки за деца за обичајот „Мартинки“ на македонски, англиски, албански и турски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик.

- На традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“, промовиравме шест печатени изданија за деца. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство 2020“ кадешто проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни. Она што нѐ радува како носители на обичајот „Мартинки“ во УНЕСКО е големата посетеност на настанот, високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција - вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ се реализираше со поддршка од Капитол Мол, Градот Скопје и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга