20 Април, 2024
0.0259

Граѓаните да ги известат работодавците: Се менуваат броевите на сметките на Охридска банка

Објавено во: Финансии 08 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Поради присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка Македонија, броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка, ќе се променат, известија од банката.Од денот на присоединување и SWIFT кодот на Охридска банка повеќе нема да постои, важечки ќе биде SWIFT кодот на Шпаркасе Банка Македонија –INSBMK22. Според најавите конечното присоединување на банките кое како што велат оттаму е долг и комплексен процес, треба да заврши во втората половина на јули 2021 година. Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Овој процес е единствен од ваков обем во банкарската историја на Македонија и од Охридска банка велат дека датумите може да зависат од институциите.

„Новите броеви на сметки ќе стапат на сила од денот на присоединување на банките. Од истиот датум, старите броеви на сметки нема да биде возможно да се користат за реализација на плаќања или за прилив на средства. Нема да се случи спојување на сметки, состојби и овластени лица на сметките од двете банки, за клиентите кои имаат сметки и во Охридска банка АД Скопје и во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Сметките од Охридска банка АД Скопје со сите постоечки овластувања ќе останат во прегледот на сметки во интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, паралелно со постоечките сметки, стои во соопштението.

Од страна на клиентите нема потреба од дополнителен ангажман, како на пример, склучување на договор за новата сметка, пренос на средства од старата на новата сметка и сл. Потребно е клиентите за новиот број на сметка навремено да го информираат својот работодавец, како и сите физички или правни лица и инстиутуции, со цел трансакциите и приливите кои ги очекуваат непречено да се извршуваат.

Банката извести дека на следниот линк клиентите можат да го проверат новиот број на трансакциска сметка кој треба да го користат по присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин