25 Април, 2024
0.0339

Граѓани обезбедија храна, ќе се реновира и куќата на Јованови а од Мизрахи засега само ветување

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Семејството Јованови од Велес кое живее во беда и мизерни услови а за кое пошироката јавноста ја дозна сурвовата реалност преку сторијата на Телевизија24, се приматели на социјална помош која изнесува 11 600 денари.

Ова денеска го соопштуваат од Центарот за социјални работи во Велес од каде посочуваат дека и се работи на подобрување на условите за живот на ова семејство.

Јордан Јованов живее со сопствената мајка која веќе 15 години е и негов единствен пријател и другар . За неа мора и да се грижи а токму тоа го спречува да бара работа.

Во посета на семејството кое живее без огрев во трошна куќа, во услови под секое човечко достоинство била и техничката министерка Рашела Мизрахи.

Таа преку Фејсбук потврдува дека условите во кои живее семејството Јованови се загрижувачки. 


Мизрахи најави еднократка парична помош и заложби од надлежниот центар во Велес за разгледување на можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.

ГРАЃАНИТЕ ПРВИ СЕ ОРГАНИЗИРАА ДА ПОМОГНАТ

Приказната за кратко време стана вирална и се рашири брзо како молња на социјалните мрежи.

Невладините организации и граѓанските иницијативи се пуштија веднаш во акција.

„Од срце за срце“, доброволна, хуманитарна и добротворна група која дејствува преку Фејсбук уште вчера соопштија дека на семејството ќе му бидат доставени храна и хигиенски средства а од месецов Јованови ќе немаат проблем за храна затоа што ќе бидат под нивна закрила.

„Благодарејќи на подршката, Се обединивме со отец Филип Иванов и заедно ќе носиме се што ќе е потребно на ова семејство.

Повеќе Xумани Граѓани од Bелес се вклучија во помагањето и градење ( оспособување ) на куќата на Јордан и баба Ангелина .. Сите вие кои што сакате да помогнете а незнаете како ве замолувам да исконтактирате со Рубин Дуковски кој е одговорен за реновирањето и тој ќе ве спроведе и каже со што би допринеле .. Макар би отишле и еден ден да помогнете со чистење, рушење, и сл.. Секоја помош е добредојдена .. Bе замолувам сите да се обединиме и станеме едно и помогнеме сега тука, затоа што најпотребно .. Затоа што Xуманоста не познава граници . За што и да треба контактирајте ме мене или горе наведените личности“, соопштува Сашка Кузманова од добротворната група.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот