19 Април, 2024
0.0419

Градоначалникот на Прилеп тврди дека не се заразил од медицинска сестра во неговата ординација

Објавено во: Македонија 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека се заразил од корона вирусот од заболена медицинска сестра од неговата ординација „Ортомедика“. Тој вели дека медицинскиот персонал сега е во самоизолација по препорака на надлежните служби.

„Како прв човек на градот, чувствувам потреба и обврска да ви се обратам вам, граѓаните на општина Прилеп, по однос на дезинформациите кои вчера и денеска кружат на социјалните мрежи, за мој наводен контакт со било кој од вработените во ПЗУ „Ортомедика“, во последните петнаесетина дена, каде за жал на еден член на медицинскиот персонал му е констатиран позитивен наод од коронавирусот.

Со најголема индигнација, ги отфрлам ваквите дезинформации.

Веднаш после потврдувањето на случајот, согласно препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а останатите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во самоизолација“, објави Јованоски.

Тој додава дека е свесен за одговорноста која треба да се сносува во оваа ситуација, од која како што вели тој, произлегуваат дезинформации и лажни вести.

„Во услови кога борбата со коронавирусот е наш врвен приоритет, тенденциозното ширење на дезинформации и лажни вести, е чин на највисока неодговорност и е во правец на создавање паника и страв кај граѓаните.

Во врска со ситуацијата со коронавирусот во нашата општина, апелирам граѓаните да се информираат исклучиво од претставниците на официјалните институции“, додава Јованоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите