25 Април, 2024
0.0276

Градоначалникот Митко Јанчев остро против винаријата „Мовино“: Недолични цени за откуп!

Објавено во: Економија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот официјален профил на Фејсбук изрази разочарување од винаријата „Мовино“ по објавувањето на овогодинешните цени за откуп на грозјето.

„Сакам да изразам огромно разочарување а воедно и револт по денешното објавување на една од винариите за овогодинешните откупни цени на грозјето.
Винаријата Мовино излезе со неприфатливи и недолични цени за откуп. Со овие цени се потценува целиот труд на лозаропроизводителите, нивното макотрпно работење и нивниот производ“, напиша Јанчев на својот профил.

Тој ги повика и останатите винарии во тиквешкиот регион да не ги следат овие цени по кои ќе откупува „Мовино“.

„Апелирам до сите останати винарии овие цени во никој случај да не им бидат пример за нивните ценовници. За мене како градоначалник а воедно и како лозаропроизводител цени пониски од минатогодишните не се прифатливи.
Ќе побарам и итен состанок со Министерството за земјоделство и претставници на лозаропроизводителите за заеднички да најдеме решение за оваа ситуација.
Економската ситуација е лоша во целиот свет не само кај нас , но тоа во никој случај не треба да се одрази на лозарите“, додава тој.

Јанчев вели дека во меѓувреме контактирал со винаријата за да ги убеди да ги зголемат откупните цени.

„Во меѓувреме исконтактирав и со винаријата Мовино која исто така има став дека овие цени не се прифатливи , како што кажав овие цени се недолични и воопшто не треба ниту да се размислува за нив. Мојот став за кој ќе се борам до крај заедно со лозарите е дека треба под итно да се најде решение за нови откупни цени. По разговорот со винаријата , бев категоричен дека цените мора да се променат и дека мораме што поскоро да организираме состанок со Министерството за земјоделство и лозарите за да се дефинираат нови цени кои ќе бидат прифатливи“, смета градоначалникот.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди