Градоначалникот Митко Јанчев како „полицаец“ на откупен пункт: Спречил инцидент
Објавено во: Економија 26 Септември, 2020
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев синоќа на откупен пункт смирувал инциденти меѓу лозарите пред една винарница.
Станува збор за „Вардар винарија“ пред која се собрале лозари кои биле клиенти на винарницата со години, и други кои не успеале да го предадат грозјето на друго место. Меѓу нив настанало недоразбирање, а проблемот има и друга суштина откако годинава поради лошиот квалитет на грозјето откупот веќе се испроблематизира.
Поради недоразбирањето меѓу лозарите како што јавува КТВ, резултирало со прекин на откупот, а проблемот го решавал градоначалникот Јанчев.
Подоцна дури и седел во винарницата за да биде се во ред.
КТВ објави дека сопственикот на винаријата потврдил дека ќе се откупи целото грозје кое до вечерта било донесено во визбата, иако е со значително лош квалитет, со далеку пониска шеќерност од 18 проценти.
Од визбата им се исплаќаат на лозарите по 3 денари, а од државата ќе добијат 8 денари како поддршка.
Фото: КТВ