22 Септември, 2021
0.0311

ГОСТИВАР, ДЕБАР, ТЕТОВО ИМААТ ПОМАЛКУ ОД 20 ОТСТО: Табела на градови-каде интересот за вакцинација е најмал, а каде наголем

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Министерството за здравство објави информации за опфатот на имунизацијата против корона вирусот по градови. Процентуално на врвот опфатот со една доза по Скопје се Гевгелија Кавадарци, Охрид, Битола, Ресен, па Неготино...Нјамалку вакцинирани има во Гостивар, Дебар и Тетово, градот, каде што во моментов има и најголем број заразени. Таму има помалку од 20 отсто вакцинирани граѓани.

-Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%, информира МЗ.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје - 159.514, има во Битола - 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани. Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани. Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, К.Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, М.Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите.

-Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива непречено и навремено според заинтересираноста на граѓаните за оваа услуга. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Апелираме на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот, велат од Министерството за здравство.


Можеби ќе ве интересира

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе