Гошев: Oвој буџет нема приоритети
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019
Поранешниот гувернер Петар Гошев во Отворено на Тв 24 изјави дека во Македонија не се прават анализи, и затоа според него, се укина мерката за прогресивниот данок.
Вели дека ако ги гледаме буџетите наназад, ниту еден не бил развоен, затоа што мал процент од парите одат за капитални инвестиции.
„Овој буџет нема приоритети“, вели Гошев.
Гошев вели дека се зголемуваат пензии и плати, исто како што тоа го правела претходната власт.
Смета дека нема долгорочна економска политика, туку има само додворување со помош на буџетот.