06 Јули, 2020
0.0914

ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ: Ќе се точат за половина денар пониски цени

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2020

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,69 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени.

Од вечерва на полноќ малопродажните ценина ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар и ќе изнeсуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 за 57,00 ден/лит, за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 59,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто нивокако и во одлуката од 26.05.2020 година и ќе изнесува3 7,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг и ќе изнесува 23,260 ден/кг.

Од 02.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  57,00(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  59,00(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  49,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  37,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС    23,260(денари/килограм)

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 02.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 1,89%, кај дизелот има намалување во просек за околу 2,594%, кај екстра лесното масло намалувањетое во просек за околу 0,264%  и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 0,558% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 0,464%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Можеби ќе ве интересира

ВО ПЕНЗИЈА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: Дел од највозрасните здравствени работници се уште во првите редови против вирусот

ВО ПЕНЗИЈА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: Дел од највозрасните здравствени работници се уште во првите редови против вирусот

Следи ли мега распродажба на илјадници квадрати деловен простор на улица „Македонија“?

Следи ли мега распродажба на илјадници квадрати деловен простор на улица „Македонија“?

МАПАС со добивка и приходи како да е приватен пензиски фонд

МАПАС со добивка и приходи како да е приватен пензиски фонд

Проверете дали сте добиле 100.000 денари: Извлечени добитниците на МојДДВ

Проверете дали сте добиле 100.000 денари: Извлечени добитниците на МојДДВ

И препакувана морска риба е македонски производ

И препакувана морска риба е македонски производ

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена