ГОРИ ВО СОСЕДСТВОТО: Пожари во Грција и Албанија
Објавено во: Балкан 23 Август, 2019
Пожари има во Грција и Албанија.
Кај јужниот сосед има четири шумски пожари. На четири различни локации во Грција, на островите Лерос и Крф, во централниот и западниот дел на Пелопонез попладнево избија пожари во чие гаснење интервенираат над 100 пожарникари, авиони и хеликоптери.
Повеќе пожари беснеат на територијата на Албанија, а по големина и опасноста што ја носат е оној кај Тепелена и кај познатото одморалиште Шенѓин, каде пожарот се прближува до куќите, јави дописничката на МИА од Тирана.
Претседателот Илир Мета рече дека со голема загриженост ја следи состојбата предизвикана од масовното ширење на пожарите во некои региони од земјата, особено во префектурите Ѓирокастро и Лежа.