23 Април, 2024
0.0275

ГОРЕЛ НА ЗЕМЈАТА: Ново драматично видео од падот на украинскиот боинг во Иран

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Американската телевизиска станица Си-Ен-Ен објави ново видео од несреќата на „боинг 737“ од украинската авиокомпанија што се сруши во Техеран.

Авионот се урна пред два дена додека заминуваше од аеродромот во Техеран.

Новиот клип објавен од Си-Ен-Ен покажува пад на авионот, а се е снимено од блиското фудбалско игралиште во градот Кала Абад, кој се наоѓа југо-западно од Техеран.

Видеото покажува огромна експлозија кога авионот удора во земја кога се урива.

Во несреќата загинаа 167 патници и девет членови на екипажот.


Авионот се сруши во време на засилени тензии меѓу Иран и САД, само неколку часа откако Техеран изврши ракетни напади врз бази во Ирак. Ова беше одговор на Техеран на атентатот врз командантот на специјалните сили на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани.

Првичната истрага за падот на авионот откри дека авионот имал проблеми при напуштањето на аеродромот и се обидувал да се врати назад.

Украинската амбасада во Техеран прво соопшти дека не станува збор за терористички или ракетен напад. Набргу потоа соопштението беше повлечено.

Последователно, првите обвинувања се појавија дека иранска ракета удрила во авионот. Ова го потврдиле официјален претставник на Пентагон и американски и ирачки разузнавачки службеници. Претставниците на Пентагон велат дека авионот случајно било соборен.

И канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека добил информација од голем број различни разузнавачки извори дека украинскиот „Боинг 737“, во кој имало најмалку шеесет и три Канаѓани, бил соборен од Иранците.

Техеран остро ги негираше тврдењата дека украински авион бил погоден од иранска ракета. Прво, иранската администрација за цивилно воздухопловство ги отфрли тврдењата на САД дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета, нарекувајќи ги „нелогични гласини“.

Владата на Техеран исто така ги негираше обвинувањата. Се проценува дека извештаите за авионот соборен од иранска ракета претставуваат психолошка војна против земјата.

Иранските власти им дадоа пристап до црните кутии на украинските експерти кои ќе ги испитаат причините за несреќата на авионот.


(Foto: Jutjub)

Можеби ќе ве интересира

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија