Гордана Силјановска собра повеќе од 10.000 потписи
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2019
Повеќе од 10.000 потписи за само неколку часа се собрани во подрачните канцеларии на ДИК за поддршка за кандидатурата на професорката по уставно право, Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.
Иако претходно професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак побара и граѓаните да одлучат. Таа на својот Фејсбук профил изрази благодарност до граѓаните.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 21 април.