28 Март, 2024
0.0305

Горан Пандев е Маж на годината за 2020 година

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Горан Пандев е официјално Маж на годината за 2020 година во избор на овогодинешното издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.

Овогодинешното издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното. Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.

Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер на годината отиде кај Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 наградата заслужено отиде во рацете на Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк.

За Маж со стил за 2020 година е избран Пако Радовановиќ, архитект. Во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми наградата отиде кај хуманитарецот Али Вевзи.

Оваа година стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството оваа година отиде во рацете на целокупниот медицински тим кој неуморно се бори веќе 9 месеци со невидливиот противник. Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме. Маж со најголем придонес во културата за 2020 година е Џијан Емин. За Хедонист на годината наградата отиде во рацете на Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен, а за Маж на годината до 40 години наградата замина кај Радован Витошевиќ, генерален директор на МајВорлд.

За Маж со трајни вредности е избран нашиот познат музичар Влатко Стефановски кој неуморно низ годините ја претставува Македонија низ светот. Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме. За маж на годината за 2020 година е прогласен неуморниот борец кој со своите 37 години ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, Горан Пандев.

МАЖИ НА ГОДИНАТА е настан кој се организира со цел да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, да ги промовира добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за секој од нас. Овој настан има за цел да го подигнат квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста. Потребата од ваков настан е само едно убаво освежување во медиумскиот простор и искрено веруваме дека ќе успееме да внесеме една нова енергија, која во оваа година ни е повеќе од потребна.

Среќни сме како организатори на првиот официјален избор на мажи на годината и покрај сите предизвици пред кои се соочивме годинава, што успеавме да ги прославиме и оваа година најуспешните мажи кај нас. Среќни сме што заедно со нашиот тим донесовме една позитивна енергија во ова тешко време и ги славиме и наградуваме успесите со цел да промовираме позитивна енергија која би сакале секој од вас да ја носи во себе. Благодарност до сите медиуми и жири комисијата  кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели. Посебна благодарност до МРТ кои оваа година го препознаа овој настан, и овозможи целокупната јавност да има можност да ужива во овој настан.“– изјавија од организаторите.

Изборот на Мажи на годината е во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија