Голема мобилизација на клиниките: Пациенти со ковид ќе се хоспитализираат и на Неврологија и на Кожна клиника
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020
Министерот за здравство, венко Филипче, по седницата на Советот за национална безбедност во Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски, увери дека согласно нивниот план за реорганизација, има болнички капацитети, како и медицински кадар кој е целосно подготвен да работи во интерните одделенија каде ќе се хоспитализираат пациентиоте болни од Ковид-19.
-Целиот Клинички центар е во ситуација на голема мобилизација. Утринава имав состанок со директорите на сите интерни клиники и на списокот на лекари и медицински сестри се наоѓаат сите вработени во клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Модуларната болница е речиси целосно исполнета, Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамки на повеќе интерни клиники има на клиниките за дерматологија и за неврологија кои имаат пристап до ценѕрален довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот во состојба на мобилизиација. Дополнителни одделенија веќе се спремни и во ГОБ „8 Септември“, истакна министерот Филипче.
Тој истовремено додаде дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи има доволно места во болниците и кадарот е спремен и ивери дека никој нема да остане без лекарска заштита, без лекарска услуга.