24 Април, 2024
0.0303

ГОЛЕМ СКАНДАЛ СО ПРОДАЖБА НА СТАНОВИ: Дури тројца платиле капар за еден ист стан, пријавен е и агент за недвжности

Објавено во: Македонија 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, капар плаќаат тројца купувачи, открива МИА. Притоа, обидот да се купи стан, станува борба за повраток на сопствени средства. Правдата е побарана, се чека да пристигне. Истрага, засега нема.

Агент за недвижности земал капар од тројца различни купувачи за еден ист стан, со што тројцата ги оштетил за вкупна сума од 11 илјади евра. Според договорите за капар до кои дојде МИА, склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра. Со капар од по 8.000 и 5.000 евра, за станови од истата зграда, се оштетени и други двајца купувачи, кои се обидуваат да си купат стан уште од изминатата есен. Со 8.000 евра е оштетен и уште еден купувач кој дознава дека е измамен во март оваа година.

Процесот на договарање за купување на становите, како што велат граѓаните, траел сѐ до моментот кога купопродажниот договор требало да се однесе на нотар, при што агентот, тогаш настапувал со разни оправдувања дека не е во можност да се сретне со нив, поради боледување, отсуство на сопственикот, и слично. Времето поминувало а купувачите биле оневозможени да пристапат кон купување на станот во кој што поскоро планирале и им било потребно да се вселат.

Бидејќи сето тоа им станало бесмислено, а агентот бил недостапен, граѓаните во потрага по одговори започнале да ги бараат и контактираат сопствениците на становите кои биле наведени во договорите, како и нотарот кој претходно им бил посочен од агентот. Стапувајќи во контакт со нив, дознале дека тие воопшто не се запознаени со случајот и дека станува збор за измама.

Контактирајќи ги гореспоменатите, по сплет на околности, петте оштетени граѓани дознаваат еден за друг, се наоѓаат и успеваат да го „измамат“ агентот, така што на 24 март се сретнуваат со него и го пријавуваат во полиција. При пријавувањето бил присутен и агентот, со што им ветил дека ќе им ги врати парите за 10 дена. Меѓутоа, и по истекот на предвидениот рок, граѓаните не ги добиле своите пари назад.

Првите пет пријави биле доставени до Секторот за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на 24 март, додека, МВР, известувањето за истите го испратило до Основното јавно обвинителство на 26 март. По две недели од пријавување на случајот, до моментот на објавувањето на текстот, од ОЈО за МИА не потврдија дека се пристигнати кривичните пријави за кои покажуваме интерес. На 8 април, до МВР била доставена пријава и од последниот, засега шести измамен граѓанин. Во меѓувреме, додека известувањето патува од МВР до ОЈО, оштетените граѓаните велат дека лицето продолжува да измамува и бараат начин како да си ги вратат парите.

Граѓаните го товарат агентот за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Загрижени, бараат институциите да преземат мерки што побрзо, со цел да се спречи моменталното и понатамошно оштетување на останати граѓани.

Оштетените, во обид да дојдат до повеќе информации, за МИА велат дека се сомневаат дека агентот имал поддршка и од еден од оние кои даваат правна потврда на документите. Сепак, тоа е само сомнеж, а институциите ќе треба да истражат. Дополнително, ги зачудува фактот што за ист стан повеќе купувачи плаќаат данок, за што МИА побара одговор и од надлежните институции.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната се изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот. Повеќе детали во утрешната истражувачка сторија на МИА.

Можеби ќе ве интересира

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата