18 Април, 2024
0.0394

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ САД: Доктори и фармацевти на мета поради илегални опасни рецепти

Објавено во: Свет 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Американските власти покренаа обвиненија против 53 здравствени работници , вклучувајќи 31 лекар, поради илегално препишување на опиоди и други опасни лекови.

Како што наведуваат американските медиуми, тие понекогаш во замена за рецепти барале сексуални услуги. Федералните претставници на конференцијата за новинари во Синсинати, Охајо, наведуваат дека нивната истрага не е завршена.

Американски лекари, фармацевти, и други медицински работници се обвинети дека илегално препишле милиони таблети кои содржат опијати и други штетни лекови, пренесува Гласот на Америка.

Властите идентификувале 350 недозволиви рецепти со кои се препишани 32 милиони таблети.

-Денешното соопштение опфаќа наводни кривични дела против 53 медицински работници, вклучувајќи 31 лекар, седум фармацевти, девет лекарски асистенти и медицински сестри и шест други здравствени работници. Ова е најголемиот скандал од овој вид против регистрирани медицински работници-рекол Џон Мартин од агенцијата за борба против дроги.

Имињата на обвинетите засега не се објавени, но претставници наведуваат дека апсењата се извршени .

Речиси сите илегални рецепти за лекови како фентанил и оксикодон се издадени во пет држави: Алабама, Кентаки, Охајо, Тенеси и Западна Вирџинија. Случаите опфаќаат еден лекар во Дејтон во Охајо, кој наводно препишал 1 750 000 лекови за две години и вториот во Алабама кој наводно им дозволувал на жените со кои имал сексуални односи да користат лекови во неговата куќа.

Повеќе од 42 000 Американци починале од претерана доза на опиоди во 2016 година и тој број расте. 

Трамп прогласи криза со опиоди и вонредна состојба во 2018 година кога објави своја иницијатива за запирање на злоупотребата со опијати со цел борба против извршители кои довеле до таа криза.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените