ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ДЕБАРСКО-СИЛНИОТ ВЕТАР ЈА НОСИ ОГНЕНАТА СТИХИЈА КОН КУЌИТЕ ВО СЕЛЦИ: Жителите стравуваат од невидена катастрофа

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022
Попладнево
избувнал силен пожар меѓу двете познати дебарски села Елевци и Селци. Во изјава
за Фактор жителите велат дека силниот ветар огнетата стихија ја носи кон куќите
на Селци и дека доколку итно не се изгасне пожарот, до утре може да се случи
вистинска катастрофа.
-Пожарот е точно меѓу овие две планиски села. Јавивме секаде и мора брзо да се реагира, бидејќи куќите на Селци се на удар. Силниот ветар го носи огнот кон куќите. До утре може да е предоцна. Противпожарните екипи може само пепел да најдат, велат загрижено жителите на Селци за Фактор.
Истовремено посочуваат дека во последниве неколку години во овј дел на Македонија има масовна дива сеча. Пределот, како што нагласуваат, е практично под опсада на „диви шумари“.
-Иако не можеме со сигурност да тврдиме, сметаме дека причина за овој пожар е човечки фактор. Тука безмилосно се сече боровата шума, која и најбрзо гори. Пределот е планиски, тешко пристапен, но ситуацијата е повеќе од сериозна. Загрозено е цело село, кое навистина може да биде за кусо време пеплосано. Екипи мора да дојдат во најскоро време, апелираат жителите на селото Селци.
А. Б.Можеби ќе ве интересира
Премиерот Ковачевски одлета на американски носач на авиони
И хирургот Камнар денеска оди на протест: Сите вечерва да кажеме стоп

Заврши комисиската расправа во Собранието, вработените во јавниот сектор не добија зголемување од 2.806 денари

Маричиќ: Една година за внесувањето на трите етнички заедници во Уставот

Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот

Ѓорѓе Иванов го отфрли францускиот прелдог: Не се преговара за правата и достоинството

Поранешна пратеничка на СДСМ најави присуство на денешниот протест пред Влада

Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог
