12 Септември, 2024
0.0318

ГОЛЕМ НАКЛОН ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА И „ДРУГАРКИТЕ“ ГОЛЕМИ БАНКИ - а еве кој успеа да си го крене чистиот профит за 500 отсто

Објавено во: Финансии 12 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Симнуваме капа за профитот на Комерцијална банка. Тој е над 46 милиони евра за првите шест месеци од годинава, и има раст од 42,16 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Ако е профитот на Комерцијална банка убедливо најголем во првото полугодие од годинава, а според висината на чистата добивка ја следат нејзините „другарки“ банки од големата банкарска тројка, сепак, вреди да се спомене дека има и компании чии добивки во првото полугодие спектакуларно пораснале, па дури и за близу 500 проценти.

Ова се податоци од Македонската берза за долгорочни хартии од вредност и се однесуваат за периодот од јануари заклучно со јуни годинава, а ги опфаќаат котираните акционерски друштва на домашниот пазар на капитал.

Она што е новина од досегашните вакви извештаи на Берзата, кои се прават секој квартал, а и еднаш годишно, а се мери профитабилноста на компаниите и се прави споредба во однос на истиот период од претходната година, е што компаниите се распоредени и според дејноста во која работат, што, пак, ни дава подобра слика за тоа каква ни е домашната економија.

Трите први најпрофитабилни котирани акционерски друштва се банки. После Комерцијална банка второто место го зазеде Стопанска банка Скопје, со чист профит од 29 милиони евра, што е раст за околу 19 проценти, додека, пак, многу блиску зад нив, на третата позиција се најде НЛБ Банка, со профит за шест месеци од 26,7 отсто, а порастот е за нешто повеќе од 13 отсто.

Потоа, на четвртото место дошол телекомуникацискиот бизнис, односно компанијата Македонски телеком, која за првите шест месеци од годинава остварила добивка од 17,6 милиони евра, а во однос на истиот период од минатата година тоа е пораст за 7,4 отсто.

Иако е на петто место според висината на профитот, скопската цементарница УСЈЕ треба да се пофали, бидејќи има огромен раст на профитот во однос на истиот период од минатата година, и тој е над 73 проценти. А, УСЈЕ достигна во првото полугодие од годинава профит од 15,7 милиони евра.

Секогаш стабилниот и растечки „Алкалоид“ остварил на крајот на јуни годинава нето добивка од 13,4 милиони евра, со одличен раст од 7 проценти.

По него следува „Мермерен комбинат“ од Прилеп, кој има странска сопственост и секогаш прави фантастични профити. Во првото полугодие тој достигна 7,85 милиони евра, што е пораст за безмалку 27 проценти.

За влакно оваа прилепска компанија му избегала на нафтениот гигант „Макпетрол“, чии профит за првото полугодие е 7,2 милиони евра, но затоа растот е за фантастични 42 проценти.

„Скопски пазар“, компанијата која стопанисува со зелените пазари во земјава, иако е на деветата позиција по висината на профитот, можеби треба да добие признание за „најдобриот меѓу десетмината најдобри“. Имено, тоа акционерско друштво, кое сериозно се консолидираше во последниов период, оствари чист профит од 5,6 милиони евра, кој можеби не е екстремно висок, но затоа е за 470 отсто поголем од нето добивката остварена во истиот период од минатата година.

И, компанијата „Макстил“ е на десетто место според висината на добивката, таа изнесува 2,46 милиони евра, и е намалена за 17 отсто во однос на истиот период лани, но има разбирливи причини зошто тој финансиски резултат е послаб од истиот период од минатата година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

И ОД ВОШКИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО... АКО ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ ЧИСТИТЕ: Овие две Белграѓанки растураат во овој бизнис, отвориле салон за чистење вошки, еве како успеале

И ОД ВОШКИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО... АКО ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ ЧИСТИТЕ: Овие две Белграѓанки растураат во овој бизнис, отвориле салон за чистење вошки, еве како успеале

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО РЕДОВНО ОДАТ ВО БЕЛГРАД: Ќе треба да го одврзете ќесето, рипна цената на паркингот во сите зони, еве колку ќе се плаќа сега

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО РЕДОВНО ОДАТ ВО БЕЛГРАД: Ќе треба да го одврзете ќесето, рипна цената на паркингот во сите зони, еве колку ќе се плаќа сега

Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успех: Еве зошто сето тоа го правиме погрешно

Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успех: Еве зошто сето тоа го правиме погрешно

БИТКОИНОТ ПОТОНА НА НАЈНИСКО НИВО - за само еден месец изгуби драстично од вредноста, еве зошто

БИТКОИНОТ ПОТОНА НА НАЈНИСКО НИВО - за само еден месец изгуби драстично од вредноста, еве зошто

МАЛ ВЛОГ, ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА: подзаборавена професија создава големи шанси, еве за што се работи

МАЛ ВЛОГ, ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА: подзаборавена професија создава големи шанси, еве за што се работи

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МОЌНАТА „ЗЕЛЕНА“ ВАЛУТА? Американскиот долар е прогласен за најнепожелен

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МОЌНАТА „ЗЕЛЕНА“ ВАЛУТА? Американскиот долар е прогласен за најнепожелен

СЕГА Е МИГОТ ДА СЕ КУПИ КУЌА НА МОРЕ: Инвестицијата се исплати, парите брзо се враќаат

СЕГА Е МИГОТ ДА СЕ КУПИ КУЌА НА МОРЕ: Инвестицијата се исплати, парите брзо се враќаат