19 Април, 2024
0.0379

Голем човек, добар бизнисмен, пријател, хуманист: Политичарите и јавни личности се простуваат од Енвер Малиќи

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Нема некој кој остана рамнодушен на веста за смртта на Енвер Малиќи. Роден е во срцето на градот – во Старата скопска чаршија. Животот го заврши овде во градот за кој велеше дека му е во душата и тоа на функцијата заменик грданоначалник. Енвер Малиќи добил доста битки во животот – повеќето бизнис предизвици. Тој навистина беше еден од најпознатите бизнисмени во земјата. Сепак не успеа да ја добие битката со Ковид.  

„Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“. Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја. На семејството на Енвер и на неговите најблиски и пријатели, со надеж дека овие зборови ќе им бидат утеха, им упатувам искрено сочувство во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија. Нека почива во мир, напиша премиерот Зоран Заев.
„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој, напиша градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.


„Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на мојот познат албански пријател, соработник, хуманист и бизнисмен  Енвер Малиќи, првиот албански заменик градоначалник на град Скопје. Енвер секогаш ќе остане во нашите сеќавања како голем патриот и хуманист кој со своите дела оставивте многу траги во земјата и регионот. Искрено сочувство до семејството Малиќи и сите пријатели, се прости лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Жални вести ова утро. Почина Енвер Малиќи, заменик градоначалникот на Скопје, пријател на сите. Неговото име ќе биде запаметено и неговото отсуство ќе го чувствуваме. Почивај во мир, напиша Артан Груби, првиот вицепремиер.



Весел, среќен, полн со страст за животот. Човек - господин, еснаф, успешен бизнисмен, татко, сопруг и пред сѐ – другар! Почивај во мир пријателе, напиша Бујар Османи.


„Денес нè напушти Енвер Малиќи, бизнисмен, филантроп и заменик-градоначалник на Град Скопје. Енвер беше човек кој пленеше со својата харизма, својата ведрина и целокупното познавање на општествените состојби. Го изразувам моето длабоко сочувство до семејството, најблиските и неговите сопартијци. Бог да го прости, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар.


„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје изразува искрено и длабоко сочувство до Вас, до неговото најблиско семејство, до колегите, до пријателите, соработниците во Градот Скопје, до сопартијците и граѓаните на Скопје.

Заминувањето од овој свет на заменик градоначалникот Енвер Малиќи е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Скопје, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него. Почивај во мир почитуван, стои во соопштението од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите