29 Март, 2024
0.0270

Го тестиравме Huawei Watch 3 Pro - Турбо смарт часовник, со мега батерија, идеален за летна авантура и навремени нотификации

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Новиот смарт часовник Huawei 3 Pro едноставно кажано е импресивен. Прво нешто што ќе забележите е колку самиот часовник ве „тера“ да водите активен животен стил. Тоа што е водоотпорен го прави совршен за летна авантура и ќе биде неизоставен дел од вашиот одмор како верен придружник. Huawei 3 Pro воодушевува со супер издржливата батерија која целосно го поддржува корисникот низ сите активности. Часовникот е многу елегантен, особено со кожното ременче и е многу удобен за носење. Со поминати дваесетина дена со Huawei 3 Pro можеме само да кажеме дека сме целосно задоволни од иновациите, врвните перформанси и физичкото активирање.

Фитнес и здравје

Huawei 3 Pro целосно се грижи за нашите витални функции, постојано може да го следите пулсот и работата на срцето, нивото на кислород во крвта, и мерење на температурата на кожата. Ако сте нерешителни и немате идеја како физички да се активирате, Huawei 3 Pro ќе делува како ваш професионален тренер.

Од менито може да изберете десетици видови на режими на вежбање, од пешачење, па се до интензивни физички напори со трчање, фитнес или бодибилдинг. Нас најмногу ни беше интересно следењето на пливањето во базен и на отворено во море.

Huawei 3 Pro дава прецизни податоци за потрошените калории, за темпото и фазите на физичката активност, а одлична алатка е и визуелната презентација. Таа преку GPS точките јапокажува дестинацијата која сме ја изминале, постигнатите резултати и параметри кои ќе ви помогнат при одредување на темпото и посакуваните цели.

Стил

Huawei 3 Pro како што веќе наведовме изгледа фантастично. Ние имавме можност да ја тестираме кожната верзија на ременчето во кафена боја. Овој модел може лесно да се комбинира и во спортска и во покласична гардероба, чевли, патики и модни додатоци.

Huawei 3 Pro ќе го надополни вашиот стил без оглед дали сте на бизнис состанок, на дневно кафе, одмор на плажа или ноќно излегување. Совршено се вклопува во секое сценарио и токму атрактивниот изглед му дава предност во однос на многу конкуренти од смарт сегментот.

Поврзување

Huawei 3 Pro најпрво треба да го поврзете преку Bluetooth со вашиот смартфон кој не мора да биде од производство на Huawei, односно е компатибилен со речиси сите Android и iOs варијанти. Во нашите тестови часовникот одлично функционираше на сите наведени платформи без никакви пречки.

За идеално искористување на потенцијалите на Huawei 3 Pro треба да ја инсталирате мобилната апликација Huawei Health на вашиот смартфон. Наш избор беше тоа да го направиме директно од страната на Huawei, а ако имате друг вид на Android смартфон преку менито треба да дадете дозвола за овластување на овој извор на апликации. Потоа часовникот и смартфонот се целосно синхронизирани. Ќе добивате детални извештаи за изминатите циклуси на физичка активност, на виталните и здравствени знаци, како и предлози за вежби.

Откако ќе го поврзете Huawei 3 Pro со вашиот смартфон преку часовникот ќе добивате нотификации од социјалните мрежи, пристигнати мејл пораки, а исто така ќе може да прифаќате или одбивате телефонски повици.

Батерија

Huawei 3 Pro се полни безжично и се поставува на магнетно лежиште во кое влегува USB Type C кабел. Со тоа може да го поврзете со било кој полнач кој има USB Type C влез. Полнењето на целосниот капацитет на батеријата на Huawei 3 Pro трае околу еден час и е релативно брзо. Тоа што е најважно е самата издржливост на батеријата. Според нашето искуство, часовникот без проблем издржуваше повеќе денови со едно полнење, исполнети со бројни физички активности, пливање, трчање на плажа и постојано следење на виталните функции и параметрите на изминатите сесии.

Апликации

Понудата на апликации за смарт часовникот Huawei 3 Pro е доста богат, па така од старт се инсталирани аларм, бележник, временска прогноза, алатки за организација, музички плеер за контрола на песните кои ги слушате преку смартфонот, адресар со контакти, апликација за следење на спиењето и многу други. Huawei 3 Pro исто така има пристап и до маркетот на апликации Huawei AppGallery од каде може да најдете многу специјализирани алатки за проширување на работата на смарт часовникот.

Финални импресии

Изборот на часовник во принцип не е лесен, но при самото поставување на Huawei 3 Pro на раката веднаш ќе сфатите дека не сте погрешиле, односно од старт ќе се вљубите во ова парче технологија, елеганција и стил.

Huawei 3 Pro изгледа одлично и ќе биде топ надополнување на вашите аксесоари, но функиите кои ви ги нуди уште повеќе го прават привлечен и корисен. Со Huawei 3 Pro нема да пропуштите ниту една нотификација, особено во моменти кога не може директно да го користите смартфонот, на пример додека сте на состанок.

Лесното поврзување, долготрајната батерија како и модерните апликации го прават Huawei 3 Pro идеален смарт часовник за активни луѓе, со јасно изразени амбиции за успешност и насочување кон најдоброто. 

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија