28 Март, 2024
0.0275

ГО СЛЕДЕЛЕ ТАЈНИ АГЕНТИ И ГО СНИМИЛЕ КАКО ОДИ КАЈ ЈАНЕВА - каде се движел Боки 13

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Со возило одел во домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, но не знаел дека го снимале тајните агенти на Министерството за внатрешни работи. 

Минатата година, точно на први јули, Бојан Јовановски бил снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата каде тогаш живееше обвинителката, а сега обвинета во случајот Рекет.

Имало специјална екипа на МВР што го следела Боки 13. Тој неколку пати бил во МНТ, во ресторанот „Лајт“, а за цело време бил совозач, додека возач му било машко лице на возраст од триесетина години.

Со возило „рејнџ ровер“, според снимањата кои од МВР ги правеле тајно, а на барање на ОЈО, Јовановски доаѓа и заминува од домот на неговите родители во населбата Тафталиџе 1, а бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“ и во ресторан во Скопје.

Снимките покажуваат и дека на први јули лани, во попладневните часови Боки 13 е снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата кадешто живееше обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и на паркинг пред клиниката „Жан Митрев“ како разговара со машко лице.

На снимките се гледа дека тој многу често бил земан и враќан од комплексот „Верина“ во населбата Орман. Боки одел до улицата „Варшавска“, а често и во МНТ. Неколкупати Боки и самиот го управувал возилото. 

Боки често знаел да седне и во ресторанот „Шпајз“ заедно со непознати машки лица.

Зоран Милески, пак, во Охрид го снимиле како тој и негов пријател одат на забава со три девојки на возраст до 25-години во клуб во Охрид. Ова денеска во судница го кажа јавната обвинителка Вилма Рускоска, читајќи ги доказите од тајно направените снимки за потребите на случајот „Рекет“.

Сите мтеријали што денеска беа покажани пред јавноста, се дел од посебните истражни мерки, односно тајно снимање. 

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра