19 Април, 2024
0.0329

ГО КРСТИ СИНОТ ПО ЛЕКАРИТЕ КОИ МУ ГО СПАСИЈА ЖИВОТОТ - Џонсон се присетува на битката со КОВИД-19

Објавено во: Свет 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека биле правени планови за вонредна состојба додека тој лежеше во болница сериозно болен од КОВИД-19. Во интервјуто за весникот „Сан“, британскиот премиер кажа дека му биле давани литри и литри кислород за да преживее.

„Додека бев во болница, во живот ме одржуваше желбата да го прекинам страдањето на другите и да ја вратам Велика Британија на нозе. Имаа стратегија како да се справат со мојата смрт според сценариото за смртта од типот на Сталин. Нема да го одречам тоа“, изјави Џонсон.

Само два дена откако во понеделникот се врати на работа, Џонсон доби син, кој го крсти по двајцата доктори кои се грижеа за него во болница. Всушност, Џонсон и неговата вереница, Кери Симондс, вчера објавија дека нивниот новороден син ќе го носи името Вилфред Лори Николас, во чест на бабите и дедовците и на двајцата лекари со име Ник, за кои рекоа дека му го спасиле животот на Џонсон.

„Беше чудно да се гледа на мониторите како индикаторите постојано одат во погрешна насока. Тоа беа многу тешки моменти, нема да лажам. Цело време се прашував како ќе се извлечам од ова“, кажа Џонсон.

Тој имаше позитивен тест на коронавирус на 26 март и десет дена подоцна беше префрлен во болница поради влошување на симптомите.

„Не ми се веруваше колку брзо се наруши моето здравје. Лекарите беа подготвени на сѐ доколку станеше уште полошо. Имав среќа и мојата цел сега е да го запрам страдањето на другите“, вели Џонсон.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници