25 Април, 2024
0.0421

Глобалниот пазар е во рана фаза на закрепнување: Извештај на ВФП Фонд менаџмент

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Глобалниот пазар се наоѓа во рана фаза на закрепнување на деловниот бизнис циклус по рецесијата предизвикана од пандемијата. Ова подразбира подолг период на ниски каматни стапки - околина што повеќе ги фаворизира акциите за сметка на обврзниците, стои во Кварталниот берзански преглед на ВФП Фонд менаџмент 

„Цикличните value компании кои практично беа најпогодени за време на пандемијата, забележаа сериозен раст над growth компаниите во текот на четвртиот квартал. И покрај тоа што value компаниите имаат попозитивни изгледи за раст во 2021 година, не смеат да се изостават и growth компаниите кои се доминантни во сферите во кои дејствуваат и кои продолжуваат да ги ислопнуваат или надминуваат очекувањата на акционерите – профил на компании во кои се вложуваат средствата од ВФП Премиум Инвест, стои во извештајот.

Веруваат дека независно од растот од 14 проценти во текот на месец ноември, се уште постои простор за раст и надокнадување на заостанувањето во економијата предизвикано од пандемијата, како вакцините ќе стануваат подостапни за повеќето земји. Поголемата расположливост на вакцината во првата половина на 2021 година, би придонела до намалување на рестриктивните органичувања, релаксираност и зголемување на потрошувачката, патувањата и посета на рестораните - што би придонело до закрепнување на заработките на компаниите. 

Според податоците UBS Asset Management компанијата во своето обраќање до инвеститорите очекува раст на коефициентот Добивка по Акиција (EPS) од 27% на глобално ниво за 2021 година. 

Од друга страна, јазот помеѓу понудата на пари (вбризганата ликвидност со цел стимулирање на економијата) и економската активност бележи раст од 40% на годишна основа за OECD државите, далеку поголем од забележаните 15% за време на финансиската криза во 2008-2009 год. Овој вишок на ликвидност во комбинација со историски најниските каматни стапки на нискоризичните инструменти очекуваме да ги принуди инвеститорите да трагаат по поатрактивни приноси и да ги пренасочуваат своите средства кон пазарите на капитал. Иако е се поизразен бројот на вести за тоа дали можеби цените на акциите се премногу ,,напумпани”, вредноста изгледа објаслива ако се земе предвид позадината на историски најниски каматни стапки. Премијата за ризик на капитал ги споредува акциите и обврзниците, преку едноставно користење на P/E коефициентот покажува слични резултати – акциите изгледаат поефтини од обврзниците, пишува во извештајот.

Инвестициската цел на ВФП Премиум Инвест и понатаму продолжува да се остварува преку професионално управување со средствата на Фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулираните пазари во светот, преку инвестирање во големи компании - „Large Caps" кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите. 

ВФП 100% Бонд фондот продолжува да е наменет за инвеститори кои не сакаат своите средства да ги изложат на високи осцилации и на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства преку вложување во државни и корпоративни обврзници. 

ВФП Кеш Депозит е идеален за инвеститори кои претпочитаат средствата примарно да им бидат пласирани во банки и кои за цел имаат да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност. 

Целиот извештај овде

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка