23 Април, 2024
0.1849

ГЛОБАЛНИ ТЕНДЕНЦИИ И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ЖИТА

Објавено во: Колумни 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

     Житата претставуваат основна храна и имаат стратешко значење за решавање на прехрамбениот проблем во локални и глобални рамки бидејќи овде спаѓаат сите видови жита. Како производ тие ги задоволуваат животните потреби на населението, а претставуваат и основна добиточна храна за животните, поради што оправдано се очекува постојан пораст на светската потрошувачка.

  Тенденциите и перспективите за развој на оваа група производи се оценуваат според некои кардинални претпоставки и појави на светско и национално ниво како што се: 

-нестабилност на финансиските пазари чија криза осетно ги повредува реалните сектори, поради што се одразува на светската економска криза со големо негативно влијание;

-релативно високото поскапување на енергетските извори аналогно се рефлектира на цените на другите производи.

  Забрзаното темпо на поскапување на прехрамбените производи е условено од поскапувањето на енергијата. Негативното влијание на климатските услови врз производството на прехрамбените производи води до сериозно намалување на понудата наспорти зголемената побарувачка. Ширењето на површините во светот со енергетски култури, има сериозно влијание врз производството на прехрамбените производи и зголемување на дефицитот помеѓу побарувачката и понудата.

  За  Македонија е особено важно рационално користење на површините како важен барометар за состојбата на економијата поради важни причини: со ограничени стретешки ресурси, како што се енергијата и  обработливите површини.

Меѓутоа, Македонија има многу поволни услови за производство на широк спектар на земјоделски призводи. Почвено-климатските услови овозможуваат, при соодветни материјалнотехнички и организациони услови производство на голем број производи, а некои ги надминуваат на 2-3 пати внатрешните потреби и да обезбедат конкурентен извоз. Меѓутоа за житата состојбата не е најповолна.

  Побарувачка. Во светски рамки, недостигот на жита е во основата на прехрабениот  проблем. Според просечните статистички показатели за еден продолжен период среднорочниот пораст на производството на зрно е неколку пати понизок од порастот на населението. Просечната потрошувачка на жита за еаден ден изнесува 457,75 гр. со варирање помеѓу сиромашните и богатите држави од 281-784 гр. Големите разлики се должат на директната консумација на производи од жита и на консумација на производи од животинско потекло, каде што варирањето по земји и региони е уште поголемо: светскиот просек е 36-38 кг/жител годишно, во САД е 120 кг, а во Индија 2 кг.

  Последните години  и десетлетија, во развиените и средноразвиените земји, особено во Европа се јавува негативен раст и застарување на населението. Оваа тенденција е изразена и во Македонија. Тоа води и до промени на типот на консумација и зголемување на делот на функционална храна, особено овошје и зеленчук, што условува лесно намалување на директната потрошувачка на зрнестите производи. Во перспектива може да се очекува овие тенденции да опаднат, но сепак да доведат до релативно намалување на делот на зрнестата храна при консумација на ниво од 135-140 кг/жител годишно.

  Тенденции. Врз тенденциите во производството имаат влијание комплекс од променливи во времето фактори, кои влијаат врз елементите кои го форсираат производството. Основниот елемент кој го определува нивотго на земјоделското производство се обработливата површина и нивото на просечните приноси.

  Нивната големина е резултат на многу фактори: платежноспособна побрувачка, примена на државна политика во однос на нивото на земјоделството, примена на технологии во производството и можности за организација, конкурентскиот притисок на произоди од други земји, конкурентска способност на разни земјоделски производи на внатрешниот и надворешниот пазар, макроекономска рамка на земјата и можности за кредитирање или субвенционирање за производството.

  Тенденциите во производството на зрно (жита) се со опаѓање на површините и вкупната продукција на долг и среднорочен период, но и приносите не растат соодветно.

  Кај пченицата, како најзастапена житна култура, во Европа кај најголемите производители Франција, Унгарија,Украина, приносите се исто така во последните 15 години неповолни. Како површините така и вкупната продукција многу се нестабилни по години, а вкупната продукција зависи токму од од тие два фактора. Како резултат на таа колебливост, производството се движи од 1,8 милиони тони до 5,4 милиони тони, но доминира нивото помеѓу 3 и 3,5 милиони тони .

   Производството на пченка најмногу зависи од  движењето на бројот на животните. Во светски рамки тенденциите се во насока на пораст на побарувачката на пченка каде влијание има и ширењето на индустријата, особено прехрамбената, во кои пченката има  високо учество, особено во неразвиените земји. Кај пченката важен фактор за натамошен пораст е  располагањето и користењето на вода за наводнување.

  Јачменот е важна фуражна култура, а светските тенденции се слични на тие кај пченката, и овде има влијание индустрискиот развој, а особено развојот на индустријата на производство на пиво . Очекувањата се дека идните движења кај јачменот ќе бидат во однос на обемот на производство.

 

  Житните кулури рж, овес, тритикале и други кои се користат и како лебни жита, немаат такво значење како претходните, но може да се смета на нивно зголемување во наредните години поради се поголемата побарувачка на пазарот и учество во производството на специјални видови леб и слични производи.

  Светското производство на ориз е важно во голем број земји, каде сеуште е основна храна, но порастот на стандарадот во тие земји (Кина, Индија, Индонезија и др.) придонесува се поголема застапеност на други производи во исхраната: овошје, зеленчук, месо, јајца, млеко, што доведува до намалување на застапеноста на оризот во исхраната. Меѓутоа поради релативното зголемување на населенито во овие земји, побарувањето и производството на ориз во иднина ќе расте.

  Македонското земјоделство има особено важно место во економијата и како примарен производител на храна, но и суровинска иснова за мелничакта, но и други индустрии, а важни се и за развој на сточарството. Во последните неколку години, површините под жито се движат од 161 илјада ха годишно до близу 168 илјади ха. Ако проследиме подолг период ќе видиме дека житата зафаќале многу поголема површина. Пред 25 години (1991 год.) житата се одгледувале на 233 илјади ха и учествувале во обработливи површини со 36,1 %.

  Обемот на намалување на површина со жита е во согласност со напуштени и необработени ораници во Македонија. Без оглед што пченицата зафаќа (просечно) 42,6 % од засеаите површини (48,0 % во 1991), јачменот  25,6 %, ржта 2,4% и овесот 1,7% , освен оризот сите други површини не обезбедуваат доболно лебно жито и жито за добиточна храна.

  Вкупната продукција на жита во Македонија.  Вкупната продукција на жита (од пченица до ориз)  во просек последните десет години изнесува 555,85 илјади тони ,тоа во споредба со 1991 година е помалку за 145,55 илјади тони. (таб.1) во истражувачкиот десетгодишен период, обемот на вкупните жита е доста нестабилен по години па се движи од 456,9 илјади тони до 637,6 илјади тони.

Можеби се охрабрувачки показателите од последната година  (2016) кога по релативно намалени количини од 2010 до 2012 година е достигнат најголем обем на производство.


Пченицата има најголемо учество во вкупната продукција на жита, чиј обем се движи во последните десет години од 201,2 илјади тона до 306,4 илјади тона,што е куриозитет бидејќи се работи за 2015 и 2016 год. Продукцијата на пченицата била релативно нестабилна, а десетгодишниот просек е помал од продукцијата во 1991 година за 85,73 илјади тони. Вакво нестабилно и малумерно производство на пченица е резултат на нестандардна технологија, а бидеќи приносите се под 4 тона по ха е показател за застарена технологија. Пченката имала релативно најстабилно производство во овие 10 години кое се движело од 118,4 илјади тона (2007 год)  до 154,2 илјади тоа или просечно по 131,61 илјади тона. Ориз сме производувале средно по нешто над 2,4 илјади тона, чии количини во почетните години била далеку пониски.

Во последните години оризот има производство над 30 илјади тони што е сигурно резултат на нови сорти, но откупната цена не е  конкурентна зошто постои оправдано сомнение дека површините и вкупната продукција на ориз ќе опаднат. Зголемување на продукцијата на житата во Македонија може да се оствари ако се активираат погодниот за жита дел на необработените ораници, од околу 140 илјади хектари, како и да се воведуваат нови технилогии и сорти за повисок принос. 


Проф.Д-р. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок