Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2020
723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација денеска гласале.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изјави дека е утврдено дека треба да гласаат 759 лица.
„Разликата што се јавува во бројките што ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.
Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да гласаат.
Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата што се наоѓаат во гласачките кутии.
Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал до завршувањето на изборниот процес.
Болните и немоќните ќе гласаат утре, но и лицата во казнено-поправните установи.
Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 1.8 милиони гласачи.