29 Март, 2024
0.0272

Ѓоргиев: Цар Самуил, Прличев и Светите браќа се личности на повеќе народи

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Драги Ѓоргиев, предводникот на македонската страна од мешовитата бугарско-македонска комисија за ревидирање на учебниците во согласност со договорот за добрососедство наведе дека Цар самуил е мултинационална личност на повеќе народи.

Во моментов се води полемика помеѓу македонските и бугарските експерти за делувањето на средновековниот владетел и барањето за негово заедничко чествување од страна на двете земји, по таквиот договор за Григор Прилчев и светите браќа Кирил и Методиј.

- Мислам дека реални се шансите и за Цар Самоил да се постигне усогласеност во комисијата, затоа што несомнено Цар Самоил е дел од меморијата и на македонскиот и на бугарскиот народ. Тој е само доказ за тоа дека со една историска личност може да се идентификуваат повеќе култури и народи, но пристапот во неговото вреднување мора да биде ослободен од идеологија. Главниот проблем е околу карактерот на Самоиловата држава. Во нашата историографија таа е толкувана како македонска или само како Самоилова држава, а во бугарската како продолжение на првата средновековна бугарска држава. Всушност тоа е дилема која е присутна и во светската историографија каде можат да се сретнат различни толкувања околу ова прашање - вели Ѓоргиев во интервјуто за Прес 24.

Тоа го споредува со ликот и делото на Карло Велики, кој според него, не е ниту Французин, ниту Германец, а истовремено важи за „татко на Европа“.

- Оттогаш за Карло Велики децата и во Германија и во Франција го учат истите нешта. Француско-германското помирување се темели врз нов културно‐воспитен и интелектуален наратив. Всушност, во помирувањето на Французите и Германците стана јасно дека, доколку се надмине националната ексклузивност и посесивност кон минатото, историските личности можат да добијат и поврзувачка, инклузивна улога - вели тој.

За заедничкото прославување на Прличев и Св.Кирили и Методиј вели дека не може дека дека на нив не може ексклузивно да се гледа како на само Македонци.

- Согласноста околу заедничкото одбележување на овие личности се постигна по долги разговори и отворени академски дискусии и на спремноста на двете страни да се постигне усогласеност. Беа разгледани бројни извори, литература, факти, аргументи, потоа со соодветна теоретска методологија беше анализиран политичкиот, социјалниот, културниот контекст во време кога тие дејствувале, нивното значење за македонската и за бугарската култура, начинот на кој тие ги поврзуваат македонскиот и бугарскиот народ и сл. За светите браќа од извонредна важност беше и нивното големо значење воопшто за европската цивилизација и култура, а за Прличев неговото значење во поширок балкански културолошки контекст со оглед на неговото творештво на грчки јазик и добивањето на престижната награда во Атина во 1860 г. - смета Ѓоргиев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење