ЃОРЧЕПЕТРОВЕЦОТ ШТО БИЛ ПРИВЕДЕН БИЛ ПИЈАН - пријавен е за гласна музика, а ги навредувал и полицајците
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020
Ѓорчепетровец вчера пуштал гласна музика, по што бил пријавен од сосед, па полицијата дошла и го привела.
За ова се ширеа бројни информации на социјлните мрежи, а Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение во кое наведува дек граѓанинот бил пијан и бил пријавен од граѓани, а откако полицајците дошле, нив ги навредувал и омаловажувал, по што бил приведен и задржан во станица.
„Во однос на објавите на социјалните мрежи за приведување на лице во скопската населба Ѓорче Петров, ја информирамe јавноста дека полициските службеници во конкретниот случај постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика. Имено, при преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.