20 Април, 2024
0.2343

Ѓорче Петров ќе биде осветлен за милион денари месечно

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Ѓорче Петров ја започна постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување, преку негово финансирање, реконструкција, управување, одржување и развој, нешто што претставуваше децениски проблем за оваа скопска општина а сега треба да се реши по пат на овој модел.

Локалната самоуправа за најповолна понуда ја одбра онаа на турскиот конзорциум Џемдаг, кој ќе треба да изврши замена на постојните 2887 светилки во првите 6 шест месеци со енергетски ефикасни ЛЕД светилки со три типови на моќност и истите да ги одржува. Времетраењето на договорот за јавно-приватно партнерство е 12 години. Вкупниот надоместок во период од 12 години што општина Ѓорче Петров ќе го исплати на приватниот партнер врз основа на најниско доствената прифатлива понуда е 142.781.000 денари распоредено на 144 месеци, што значи дека операторот има обезбедено безмалку еден милион денари месечно однапред за себе. Реализацијата на договорот ќе го следи тричлена комисија.

Крајната цел е да се намали потрошувачката на електрична енергија, при што вкупно инсталираната моќност на светилките да биде помала од 160 киловати. Конзорциумот ќе треба да управува и да врши мониторинг на системот во првата година од потпишување на договорот, а понатаму треба да постави и дополнителни 983 светлосни арматури на свој трошок. Единствено, столбовите ќе бидат поставени од општината. Операторот е должен да воспостави систем 48 часа и call центар, како и одржување на светиликите. Тука влегува и проектирање (дизајнирање)на развојните годишни програми за јавно осветлување со проширување на мрежата.

- Според договорот, за месец дена операторот треба да достави динамички план кој че биде одобрен од страна на комисијата за следење на договорот за јавно-приватно партнерство. По усвојувањето, ќе се започне со работа. Во меќувреме нарачани се светилките од производителот, најавуваат од службата за информации на општината на прашањето на „Фактор“ до каде е реализацијата на договорот.

Советот на општината во февруари годинава го усвои извештајот од анализата на општината, која избра консултант што ќе изработи Физибилити студија за оправданост од воспоставување на ваков договор по што градоначалникот Александар Наумовски формира Комисија за спроведување на постапката, која потоа ги разгледа сите сугестии и забелешки од потенцијалните економски оператори, при што дел од истите ги прифати и ги вгради во тендерската документација. 

Тендерот за договор за воспоставуање на Јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување беше објавен во јули, а месец дена подоцна на денот закажан за отварање на понудите пристигна една понуда. По извршената евалуција на понудата беше решено дека понудата е во рамките на предвидените финансиски средства и дека ги задоволува сите предвидени услови и критериуми.

Со оглед на тоа што беше доставена само една една понуда не беше спроведена електронска аукција со конечна цена на понудата од142.7 милиони денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите