28 Март, 2024
0.0257

ГИНАТ ЗА „ГРСТ“ ДОЛАРИ - ПУТИН СО БОНУСИ ГИ НАВЛЕКУВА ЛУЃЕТО ВО АРМИЈАТА: Колку заработува руски војник за 3 месеци

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Според некои странски медиуми, Русија досега изгубила речиси 30.000 војници во инвазијата на нејзиниот западен сосед, а бидејќи Путин никогаш не објавил воена состојба туку „специјална воена акција“, неговите раце се малку врзани за испраќање нови сили во Украина. Односно, барем на хартија, вработените во армијата може да одбијат да одат во Украина, додека резервистите не треба ни да го гледаат бојното поле. Но, едното е на хартија, а другото е во реалноста.

Затоа што дури и млади луѓе, речиси неподготвени и без никаква опрема, гинат за Путин во Украина, пишува „Москва тајмс“. И со секој нов изгубен живот, има потреба од нов војник да го заземе неговото место. А новата тактика на Путин и Кремљ, како што пишува „Москва тајмс“, а пренесува Bussines Insider е да привлечат луѓе во војска со, според руски стандарди, екстремно високи плати.

Во градот Тула, јужно од Москва, на заинтересираните сега им се нудат 8.700 долари за тримесечна војна во Украина. Според достапните податоци, таа е четири пати поголема од просечната плата во овој град. Но, Тула не нуди најмногу, во делови од Чеченија такви млади мамат со месечна плата од 5.200 долари.

Според „Вашингтон пост“, пред да започне инвазијата на Украина, професионалните војници во Русија пред војната потпишале тригодишни договори, според кои месечно би заработувале околу 1.000 долари. Сега, кога интересот за армијата паѓа, кога моралот меѓу војниците во Украина е низок, руската влада очигледно се надева дека има доволно такви кои се подготвени да умрат за „грст долари“ ...

„Најголемиот проблем на Русија е што тие не можат адекватно да ја ротираат армијата на теренот. Тие не можат ниту доволно брзо да ги покријат сите загуби, а тоа ги спречува од успешна инвазија“, изјави неодамна воениот аналитичар Мајкл Кофман, пишува Newsquick.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија