ГИЛ ДО БОРЕЛ: Тргни го носот од Венецуела
Објавено во: Свет 05 Август, 2024
Според Советот на Европската Унија(ЕУ), резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, „не можат да бидат признати“.
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, го осуди мешањето на ЕУ во внатрешните работи на неговата земја, откако Брисел објави дека не ги признава резултатите од Националниот изборен совет дека Николас Мадуро е победник на претседателската избори.
Преку Х, Гил му порача на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, „да го тргне носот од Венецуела“.
Со Венецуела управува диктатор, изјави денеска поранешен претседател на САД и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.
По изборите, во Венецуела избија немири. Имаше голем број уапсени. Тие не се сложуваат со изборните резултати.