Ги стресе силен земјотрес, опасност од цунами нема
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2020
Земјотрес со jaчина од 6,4 по Рихтеровата скала ја стресе југозападна Индонезија.
Агенцијата за метеорологија и геофизика објави дека нема опасност од цунами близу островот Суматра.
Нема податоци за повредени или причинета материјална штета.
Во ноември и декември лани имаше силни земјотреси во Индонезија, по што земјата личеше на пустош.Се работеше за силни земјотреси од 6.9 и 7.1 степени. Имаше и жртви.
Во септември минатата година имаше земјотрес со јачина од 6.5 степени.