ГИ „ШИЈАТ“ ГЕРМАНЦИТЕ: Во четири земји работниот час е поплатен
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2019
Германија во согласност со законските прописи има минимална дневница по работен час и таа сега е 9.19 евра. Највисока сума за работен час се исплаќа во Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германците за работен час земаат работниците во уште четири земји членки на ЕУ, и тоа Белгија, Ирска, Холандија и Франција.
Најниска минимална плата по час има во соседна Бугарија (2.69 евра) и Хрватска (2.92 евра).
Во Германија лани просечната бруто плата била 2.950 евра.