28 Март, 2024
0.0255

Ги прашавме кумановци дали им недостига работата во Авганистан, еве што ни одговорија...

Објавено во: Економија 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Дали на кумановци им недостига работата во воените бази во Кабул, Кандахар и Баграм во Авганистан, токму поради високите примања од неколку илјади долари месечно? Направивме анкета со неколку кумановци и тие кажуваат што мислат на оваа тема.

Од една страна секогаш е добро да се заработи поголема сума на пари, но велат дека младите треба да ја гледаат иднината овде во Македонија, да не мигрираат во други земји и да не се иселуваат трајно. Тие се за отворање на нови работни места во земјава, но и обезбедување на достоинствени плати, доволни за пристоен живот. Скоро и да нема кумановец кој нема роднини, пријатели, колеги кои работеле на Блискиот Исток.

„Да, фали работата во Авганистан, затоа што треба да се работи и да се придонесе за дома. Знам и луѓе кои сакаа да отидат, а не отидоа. Има доста луѓе кои беа и се вратија и градот заживеа“, вели Сашка Димитриевска, граѓанка.

Јовица Стојмановски, повозрасен кумановец објаснува дека не треба да зависиме од печалбарите, туку овде да имаме подобра економска состојба.

„Мене ми фали овде работа, а не во Авганистан. Зошто да одиме во странство ако имаме овде од што да живееме? Треба да се отворат фабрики, да има работа, да работи народот, да има пари и инфлацијата да се стопира. Што бараме во странство? Зошто да ме интересира дали има работа во Авганистан, Пакистан? Не треба да зависиме од странство“, рече Стојмановски.

Кумановци велат дека ако овде ситуацијата е тешка, народот секако ќе бара излез, дури и по цена да бидат изложени на безбедносен ризик.

„Тоа не е решение и не е убаво. Придонеле финансиски, но не е тоа тоа. Можеби пак ќе има работа, и овде ако е тешка ситуацијата, народот пак би одел. Знам луѓе кои беа во Авганистан и се вратија. Но, поентата е што овде недостигаат на своите фамилии додека се на печалба. Сите ја знаат ситуацијата во државата, и џабе само се коментира“, вели Ротка Т, жител на Куманово.

Доколку разговарате со некој кој претходно имал искуство со работа во Авганистан, ќе ви каже дека по враќањето дома, се соочил со фактот дека повторно ќе мора да работи за не толку примамлива плата во родниот град и тоа им претставувало психолошки товар.

Дел од кумановци по судски пат бараат и отштета за траумите кои ги доживеале во Авганистан. Психотерапевтот  м-р Кристина Лазаревска која работи со овие клиенти за нивна евалуација и проценка, вели дека  постои друг поголем проблем во врска со повратниците од воени подрачја. Имено тие  за време на својот работен престој во активните воени подрачја,  како Ирак и Авганистан биле прологирано изложени на повторувачки трауматски искуства, претрпеле трауми, стресови, и поради тоа голем дел од нив се трауматизирани и  изјавуваат дека никогаш нема да се вратат да работат во воени зони, што е очекувано и  логично.

„Од мое лично искуство со контрактори кои работеле, во воени зони, забележувам дека, за жал поголемиот дел од нив покажуваат хронични слики на Пострауматско стресно растројство, што е голем проблем, бидејќи траумата не го засега само поединецот, туку и целото семејство, на тој начин и општеството и да не се заборави дека таа е трангенерациска  и како состојба бара подолг период на медицинска, социјална и професионална рехабилитација  на поединецот, но и доследност и одговорност од професионалците за ментално здравје“, вели Лазаревска и додава дека семејството како главна клетка и столб на општеството највеќе настрада, поради одвоениот живот, во трката за поголема заработувачка.  

Меѓутоа ако зборуваме зошто некој се одлучил да бара  работа во воени зони, потребно е да се разгледа мотивот и енормно поголемата заработувачка што се нуди, во споредба со  просечната заработувачка во нашата земја.  Таа наведе дека работата во воени зони има реперкусии на многу нивоа.

„Дојде до промена на  целокупниот системот на вредности кај луѓето, и веќе  парите ја немаат истата вредност. Очекувано е поголемата заработувачка која ја имале овие луѓе, да ги демотивира да работат за просечна плата, барем на почетокот.  Но, животните барања и реалноста многу бргу ги враќа работите на природен пат. Секако, нашата земја треба сериозно да поработи на проектот:  нашите луѓе да останат тука и тука да ја гледаат  својата иднина и иднината на своите деца, со отварање на нови можности и ресурси за работа и развој“, вели  Лазаревска.

Македонците во Авганистан,  најчесто заминуваа преку две американски фирми „Dyn corp“ и „Flour“, што се занимаваа со логистичка поддршка на американските војници. Македонците во базите работеа како готвачи, магационери, електричари, возачи.

За дваесетина години, се смета дека најмалку 5.000 кумановци работеа во Авганистан со што обезбедиле прилив од над милијарда долари. Парите најчесто ги вложуваа во недвижен имот, а дел и во бизниси. Некои од нив згаснаа, а некои опстојуваат до ден денес.  Кумановци го напуштија Авганистан непосредно  пред Талибанците да ја преземат власта во август лани.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/FellowNekocat

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон