25 Април, 2024
0.0933

ГИ НАДМИНА СИТЕ ТЕШКОТИИ ВО ЖИВОТОТ: Кој е Мате Римац и како стана најбогат во Хрватска?

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Мате Римац е чудо! Често тоа го слушате кога за Римац зборувате со луѓе кои барем донекаде ја познаваат автомобилската индустрија. Истакнуваат како човекот дословно пред девет години излегол од гаража, а денес во неговата компанија странски инвеститори вложуваат милиони евра.

Од друга страна ќе слушнете и коментари како Римац „продава магла“ и „лесно му е нему, кога тато го финансира“.

„За Хрватска Римац е дефинитивно чудо. Луѓето баш и не веруваат во чудо и затоа има толку скепса. Пред неколку години , ни јас не верував кога ме праша да инвестирам во неговата компанија и поради тоа изгубив многу пари. Моја грешка“ -рекол при една прилика Цветојевиќ кој е познат претприемач во регионот .

Деновиве токму Мате Римац се сместа на листата најбогати Хрвати.

Рани почетоци

Мате Римац е роден во 1988 година во БиХ, но кога имал само три години, семејството се преселило во Германија, поточно Франкфурт каде неговиот татко работел на градилиште.

Семејството во 2000 година се враќа во Хрватска а во последната година од школувањето младиот Мате развива ракавица која имала идентични парчиња како и тастатура за компјутери. Тој освојува доста награди за иновации, а кога имал 18 години купува и BMW 323i од 1984 година.

Кога бензинскиот мотор му се расипал Мате се одлучува да го замени со електричен, така што купил делови на Интернет и потоа ги споил. Иако напредокот бил воочлив, тој сепак не бил задоволен од резултатите и подоцна изјавил дека електричниот 323i бил тежок, не претерано моќен и имал лимитиран домет. Од тие причини Мате одлучува да развива делови сам и да ја основа „Римац автомобили“ со 20 вработени.

Concept One

На оваа мала компанија скоро никој и не обраќал внимание се до Салонот на автомобили во Франкфурт во 2011 година кога дебитирал Rimac Concept One.Компанијата поминала две години во неговиот развој и патентирала 24 иновации за електрични автомобили. Мате најави сериско производство за 2013 година по почетна цел од 980 000 долари и лимитирана продажба од 88 единици. Со 12 224 конски сили,  Concept One може да забрза до 100 км/ч за 2,4 секунди и да достигне максимални 340 км/чм.

Максималната автономија на ова возило изнесува 350 км.

Еден интересен детал лежи во податокот дека со исклучок на домашниот дизајнер , Адриан Мудро, ниту еден од вработените нема некое искуство со производство на електрични автомобили. Римац моментално работи на сериско производство на својот најнов производ C_Two, кој официјално дебитирал во август минатата година.

Листа на клиенти

Во едно интервју Мате изјавил дека целта на неговата компанија не е производство на готови автомобили, туку само компонента која потоа другите произведувачи би ја вградувале во своите производи под лиценца. Римац моментално привлекува најмногу внимание како партнер на Астон Мартин, за производство на батерии за следниот суоеравтомобил а има договори и со други големи произведувачи како Јагуар, Сеат, Рено. Договор има и со познатата италијанска куќа Пининфарин, чиј прв сериски автомобил PFo  ќе ја дели базата со C_Two.  

Се изглед како бајка

На хартија се изгледа како во бајка и денес 30 годишниот Мате успеал во се она што повеќето од нас сакаат, зарем не? Сигурно е, но се доведува прашањето како еден 19 годишник и тоа од Балканот , успеал да изгради компанија? Тука доаѓаме до финансиската страна, а „Римац Автомобили“ сигурно не е изграден на тјунирање електрични автомобили и победување на локални натпревари. Мате никогаш не тврдел дека изградил фирма без ничија помош и споменува дека неговиот татко играл голема улога во тоа, но дека ја вратил секоја позајмена куна.

Стратегија?

Мате Римац очигледно се води со стратегија и логика во животот која е дека вчера поминало, а утре може никогаш нема ни да дојде па со самото тоа треба да се живее и денес и само за денес.

Не дозволува да го погодуваат приказните за тоа со какви пари ја изградил компанијата, а уште помалку што направил неговиот татко. Како и да е, многу ретко дава интервјуа и се фокусира воглавно на работа. Тешко дека постои компанија без дамка во кариерата, а ако ова е нешто најлошо што му се случило на Римац Автомобили - иднината изгледа исклучиотелно позитивно.

Како Мате Римац Стана најбогат Хрват

Мате Римац стана најбогатиот човек во Хрватска откако во неговата компанија влегоа Хјундаи и Киа.

Економистот Ивица Бркљаќ пресметал, според информациите за сопственичката структура која ја изнел самиот Римац, дека Римац Автомобили вредат 4,3 милијарди куни, пренесува хрватски Индекс


Фото: net.hr

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди