28 Март, 2024
0.0240

Ги игнорирам предрасудите, уживам во слободата: Интервју со Александра Илиева

Објавено во: Стил 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во нашата земја сè уште е невообочаено и речиси секојдневно се соочувам со прашањата од типот, како воопшто сум се одлучила за саксофонот и дали ги исполнувам „критериумите“ како девојка итн. Но никогаш не ми биле репер околностите и менталитетот, туку најчесто ја следам интуицијата и секогаш го правам тоа што ме исполнува и ме прави среќна

Александра Илиева е уште една во редот девојки кои рушат стереотипи со својата професија. Иако во светот постојат многу познати саксофонистки, оваа 22-годишна девојка е една од ретките во нашава земја која е вистински генијалец за овој инструмент. Таа дипломирала саксофонистика при Факултетот за музичка уметност во Скопје во отсекот за класична музика. 

- Ако сакаш инструмент кој пее, свири саксофон. Во најдоброто издание звучи како човечки глас- вели еден од најдобрите саксофонисти на сите времиња, Стан Гетз познат како „The Sound“. Чарли Паркер пак ќе рече „ Не свири ти на саксофонот. Дозволи тој да свири на тебе“.  Додека Александра Илиева ќе ни ја раскаже својата приказна за овој нејзин најсакан инструмент.

* Од каде се роди љубовта кон саксофонот? Како започна таа приказна?

- Како член на едно музичко семејство, не беше чудно што се одлучив да го пробам тој инструмент бидејќи татко ми предава часови по саксофон. Ми беше предизвик, а и бев премногу љубопитна за да останам рамнодушна и покрај тоа што клавирот ми беше прв, како и задолжителен инструмент во основно училиште. Првата средба со саксофонот ми беше на 14 години, всушност последната година од завршувањето на моето основно училиште. Пребрзо ме маѓепса и стана дел од мене, така што, предизвикот за продолжување во средно училиште без повеќе годишно познавање на инструментот кое дава повеќе бенефиции и предности уште од основно, го прифатив без никакво размислување! И цел живот сум благодарна за тој избор и поддршката од моето семејство.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи