20 Април, 2024
0.0296

Г.Г. СТЕФАН МУ ПИША НА ВАРТОЛОМЕЈ ЗА АЈА СОФИЈА: Се надева дека ќе има измена на оваа антицивилизациска постапка

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Г.г. Стефан му пиша писмо на Вартоломеј во кое наведува дека пренамената на Света Софија потсетува на темното минато. 

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, упати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј поради промената на статусот на храмот Света Софија во Истанбул.

„Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј“, соопшти денеска кабинетот на архиепископот г.г. Стефан.

Како што стои во соопштението, меѓу другото, во писмото неговото блаженство „со длабока огорченост, силна нажаленост и голема вознемиреност истакна дека ваквиот чин потсетува на некои други времиња кои современиот свет и култура со право ги сметаше, а и треба да ги смета, за темно минато“.

„Би сакале да ја посведочиме сострадалноста и поткрепата на целиот православен народ од нашата диецеза со Цариградскиот престол и Вселенската црква, и со Вашата богољубива, човекољубива и, со ревност и голема трпеливост, богомдарувана личност“, напишал архиепископот во писмото.

Тој изрази надеж дека силните реакции на институции и поединци низ светот, сепак ќе резултираат со измена на оваа антицивилизациска постапка, стои во соопштението.

Турскиот државен совет (Висок административен суд) на 10 месецов ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.

Аја Софија стана џамија, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 19 месецов го посети објектот. 

Фотографиите од Аја Софија, Ердоган ги сподели на својот Инстаграм профил.


На 24 јули Аја Софија во Истанбул беше отворена за молитви после 86 години.

На ова бурно реагираа грчките власти.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите