ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ ДО СОЈУЗНАТА ВЛАДА: Не можеме без работниците од Западен Балкан
Објавено во: Економија 04 Август, 2020
Голем дел од германските компании ја предупредија Владата дека без работниците од Западен Балкан нема да
можат да опстојат бидејќи, како што наведуваат во дел од германските медиуми,
многу тешко ќе можат да најдат соодветен кадар, откако илјаднци вработени во
градежниот сектор ќе заминат во пензија.
Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение на работодавци, дека работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно, што според нив е навистина малку.
-Ако изгубиме 50.000 работници годишно, онолку колку што досега се стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021 година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи, вели Хилтроп.
Според некои анализи, најкритична е ситуацијата со недостиг на работна сила во областа на градежништвото, медицинскиот кадар и ИТ секторот.