(ВИДЕО) Германски град бесплатно нуди станови
Објавено во: Свет 27 Септември, 2019
Градот Герлиц на истокот од Германија, е град со ниски плати, а по падот на Берлинскиот ѕид голем дел од населението заминало во западниот дел на земјата.
Во 2013 година имале за 25 отсто помалку жители, односно паднале на 54.000 жители.
За да го спречат одливот на населението, градските власти решиле да дадат бесплатни станови и деловен простор на оние кои имаат идеја за бизнис, за месец дена.
Досега примиле 150 пријави, и тоа од други градови од Германија, од Унгарија, Чешка, САД и Велика Британија. Има самци, но и семејства. Градските власти се надеваат дека некои од овие луѓе трајно ќе се преселат во градот. Овој град годишно привлекува 140.000 туристи. Ова е еден од градовите каде крајната десница има упориште.