ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2024
Tретина од германските вработени размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање.
Извештајот на Германскиот економски институт покажува дека вработените над 55 години имаат поголема веројатност да останат на работа по возраста за пензионирање отколку оние под 30 години.
Eкспертите на раководни позиции или со повисоки професионални квалификации се поотворени за продолжување на нивниот работен век од другите.
Истражувањето покажува дека вработените што се задоволни и ангажирани на своите работни места имаат поголема веројатност да размислат за одложување на пензионирањето.
Коалициската влада на германскиот канцелар Олаф Шолц предложи да се понудат бонуси за работниците што го одложуваат своето пензионирање како дел од стимулативниот пакет кој допрва треба да биде одобрен во парламентот.
Германската економија е во опасност да ги загуби квалификуваните работници до пензионирање, а нема доволно работна сила за да ги замени.
foto freepik.com/senivpetro