04 Ноември, 2024
0.0244

Германија на нозе: Владата со порака до раководните лица на Фолксваген

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Германската влада го повика Фолксваген - Volkswagen (VW) да ги заштити работните места, бидејќи претставниците на работниците во компанијата најавија планови за затворање на најмалку три фабрики во земјата и отпуштање на десетици илјади работници.

Ставот на канцеларот Олаф Шолц е јасен, изјави владиниот претставник во Берлин. 

- Евентуалните погрешни одлуки на администрацијата во минатото не треба да бидат на товар на работниците - рече тој.

Целта е да се зачуваат и обезбедат работните места во автомобилскиот гигант.

Претседателката на работниот совет на VW, Даниела Кавало, претходно изјави дека концернот планира да затвори најмалку три фабрики и да направи отпуштања во сите други фабрики во Германија.

Кавало и другите претставници на работниците ветија дека ќе се спротивстават на какви било отпуштања.

Може ли Голф да го спаси VW?

Иако повеќе не е лидер во европската продажба на нови автомобили, Golf и понатаму е најважниот и во исто време најпродаваниот модел на Volkswagen со 20 отсто поголема продажба оваа година од лани.

Голфот исто така ги надмина сите електрични модели на VW заедно, иако беше речиси линчуван за нив.

Golf 8 беше лансиран во најтешкото време за овој модел. Имено, тој пристигна на пазарот во моментот на електрификација и на пазарот и на брендот, додека газдите бомбастично најавија прекин со минатото и преминување кон електромобилност.

Golf е единствениот модел на VW кој за девет месеци забележа раст на продажбата од дури 20 проценти. Речиси 165.000 различни верзии на Golf се регистрирани во Европа во периодот јануари - септември.

Спротивно на тоа, најпродаваниот електричен модел, ID.4, испорача нешто помалку од 46.000 единици. Сите други електрични модели, заедно со најпродаваните, не можат ни да се доближат до „класичниот“ Голф.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни

СПИСОЦИТЕ СЕ ОБЈАВЕНИ, СЕ ДОДЕЛУВААТ 6.000 ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ: Поефикасно греење и помали трошоци

СПИСОЦИТЕ СЕ ОБЈАВЕНИ, СЕ ДОДЕЛУВААТ 6.000 ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ: Поефикасно греење и помали трошоци

ВО ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАТЕ ПО САМО 5 ГОДИНИ РАБОТА: Еве колку ќе добивате месечно

ВО ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАТЕ ПО САМО 5 ГОДИНИ РАБОТА: Еве колку ќе добивате месечно

МАСК ГО КУПУВА ГИГАНТОТ КОЈ ИМА ДУРИ ПОЛОВИНА ОД СВЕТСКАТА ФЛОТА АВИОНИ? Богаташот се нуди како сламка за спас на Боинг

МАСК ГО КУПУВА ГИГАНТОТ КОЈ ИМА ДУРИ ПОЛОВИНА ОД СВЕТСКАТА ФЛОТА АВИОНИ? Богаташот се нуди како сламка за спас на Боинг

ЗАРАБОТКА И ДО 40.000 ЕВРА ГОДИШНО АКО ОДГЛЕДУВАТЕ НЕКОЛКУ РАСТЕНИЈА: Секое домаќинство ги користи

ЗАРАБОТКА И ДО 40.000 ЕВРА ГОДИШНО АКО ОДГЛЕДУВАТЕ НЕКОЛКУ РАСТЕНИЈА: Секое домаќинство ги користи

ДОДИК: Република Српска сака да финансира свои проекти преку БРИКС

ДОДИК: Република Српска сака да финансира свои проекти преку БРИКС

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ВО МАРТ: Колку ќе изнесува?

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ВО МАРТ: Колку ќе изнесува?

БИ ПРИФАТИЛЕ ПОМАЛА ПЛАТА, АМА ДА РАБОТАТ ОД ДОМА: Истражување откри што преферираат српските работници

БИ ПРИФАТИЛЕ ПОМАЛА ПЛАТА, АМА ДА РАБОТАТ ОД ДОМА: Истражување откри што преферираат српските работници

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика