Германија ќе го поддржи претседателот на СЗО за втор мандат
Објавено во: Свет 22 Септември, 2021
Германија ќе го поддржи Тедрос Аданом Гебрејсус да добие втор мандат како директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Ова го потврди германскиот министер за здравство Јенс Шпан и истовремено ги повика другите земји да го поддржат поранешниот министер за здравство на Етиопија пред да му заврши мандатот оваа недела.
-Ги повикувам земјите-партнери да ни се придружат да го поддржиме назначувањето на извршниот директор Тедрос, искоментирал Шпан пред британските медиуми.
Инаку Германија е главниот финансиски поддржувач на СЗО. Тедрос стана светски популарен благодарение на пандемијата, за која СЗО дава насоки. Сепак постојат и иницијативи за негова смена, а „Волстрит Журнал" (WSJ) напиша критика против Етиопиецот во уводникот.