19 Април, 2024
0.0260

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Објавено во: Финансии 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 472.000 слободни работни места има во Германија, според анализите на Федералната агенција за вработување. Најбарани на пазарт на труд во државата со голема економска моќ се водоводџии, мајстори за греење и климатизација,но се бараат и негуватели на стари лица, исто така недостигаат и работници во производството, и во прецизната механика.

Анализата на Федералната агенција за вработување покажува дека скоро две третини од слободните работни места во фирмите кои се занимаваат со водовод и канализација  не се пополнети во просек околу 200 дена.

Во областа Баварија се бараат машиновозачи.

61.000 понуди за работа има во здравтството, се бараат лекари, медицински сестри, болничари и други сдравствени работници.

Во многу сегменти е забележан недостиг на експерти и затоа ќе се овозможи доселување во Германија заради вработување - како и доаѓање со цел потрага за работно место за стручна обука. Со овој закон за прв пат се воведува единствен поим експерт односно квалификуван работник, истакана секретарот во МВР на Германија, Штефан Мајер.

Во иднина повеќе нема да се применува правилото по кое предност при вработување имаат државјани на Германија или некои други земји од ЕУ. Исто така се укинува и листата на таканаречени дефицитарни занимања така што сите групи вработени ќе се третираат на ист начин.

И од Македонија голем број на квалификувана работна сила заминува на работа и живеење.  Население еднакво на бројот на жители во некој од помалите македонски градови лани заминало во Германија, и таму останало и оваа година.

За една година 18.478 македонски државјани заминале во Германија.

На оваа тема работеше Фактор, деталите можете да ги прочитате овде.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин