ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕСЕКОА: Вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна-кој не ја сака, сам ќе сноси ризик
Објавено во: Свет 16 Мај, 2020
Шефот на кабинетот на
Канцеларката Ангела Меркел, дека би било пожелно да се вакцинираат што поголем
број луѓе, но дека за тоа секој индивидуално ќе донесува одлука.
-Во Германија нема да биде задолжителна вакцината против корона-вирусот. Имунизацијата ќе се спроведува на индивидуална одлука. Се разбира дека ќе биде добро што помасовно да се спроведе вакцинацијата, но секој за себе ќе си одлучи, изјави Хелге Браун, шефот на кабинетот на Меркел.
Браун, истовремено истакна дека кога ќе ја има вакцината, а се надева, како што рече дека тоа ќе биде многу скоро, кој сака може да ја прими.
-Кој нема да сака да биде вакциниран против Ковид-19, сам ќе си го сноси ризикот од заразата, порача Барун, изразувајчи надеж дека на почетокот на 2021 веќе ќе биде развиена вакцината и ќе биде достапна за наслението. Тогаш, како што додаде, пандемијата ќе биде веќе завршена.