ГЕРМАНЦИТЕ ГИ ПРЕСМЕТАА ШТЕТИТЕ: БДП се „стопи“ за 2.2 отсто
Објавено во: Економија, Корона Вирус 26 Мај, 2020
Германија и официјално e во рецесија.
Eкономијата е во рецесија во првиот квартал од 2020 година, а падот на БДП е за 2.2 отсто.
Федералното биро за статистика, Destatis, објави дека капиталните инвестиции се намалиле за 6,9 проценти, приватната потрошувачка паднала 3,2 проценти, а извозот за 3,1 проценти, објави Reuters.
Приватната потрошувачка имала негативен ефект од 1,7 процентни поени врз вкупната економска активност, а нето трговијата 0,8 процентни поени.
Даночните приходи во април во Германија се намалени за една четвртина.
Приходите се намалија за 25,3 отсто на годишно ниво, на скоро 39 милијарди евра.
Рестриктивните мерки го успорија функционирањето на компаниите како и животот на граѓаните.Падот на даночните приходи беше забележан уште во март, а во меѓувреме зема замав.
И следните месеци ќе бидат тешки за Германците.